УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

1. Општо

Интернет-страната “www.tact.mk” нуди онлајн услуга, управувана од Шпрехја ДООЕЛ Скопје, која се состои од информативни услуги, содржини и трансакциски способности овозможени од TACT преку чии страници се продаваат производи. Цените на сите производи од tact.mk се во денари.

Секој купувач може но и не мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката клиентот ќе биде контактиран од наши вработе за потврда на нарачката и тогаш нарачката ќе виде пратена во адресата која го има наведено.

Доставата чини 130ден каде клиентот си плаќа само 99ден а останатот го покрива TACT, но истатa не опфаќа гаранција и осигурување при транспорт/достава на производот. За осигурување при транспорт на производот види точка 3-Правила на купување.

Купувањето може да се оствари преку плаќање при испорака.

Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на TACT. TACT не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на TACT, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време.TACT има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот.

Со користењето на услугите на TACT, корисникот признава дека е полнолетен. Корисникот мора да има барем 18 години за да може да го користи сајтот за купување, а во спротивно одговорноста е на лицето што му овозможило пристап до податоците кои му се потребни на малолетното лице за онлајн купување. TACT не сноси никаква одговорност доколку купувањето го врши малолетно лице.

2. Измена на Условите на користење

TACT го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од овие Услови на користење како што смета дека е неопходно или пожелно. Доколку дојде до било какви промени, истите ќе стапат на сила откако претходно ќе бидат јавно објавени на оваа веб страна. Овие промени нема да важат за производи купени пред да биде направена јавната објава.

ЗАТОА препорачуваме корисникот да ги прочита овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на користење секој пат кога сака да направи ново купување со цел да биде информиран за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на корисникот на TACTќе се смета дека претставува прифаќање од негова страна на тие измени.

3. Правила на купување 

Правилата на купување на TACT појаснуваат кои се условите на купување и начинот на испорака на купените производи.Купувањето поминува низ 3/три видливи фази, и тоа:

СЕ ПРОЦЕСИРА – што подразбира дека нарачката од страна на купувачот/нарачателот е извршена, но истата е во процес на одобрување и/или подготовка на потребна документација за испорака. 

ОДОБРЕНА – нарачката е одобрена и се чека на доставувачот да ја подигне за пренос до нарачателот. 

ОДБИЕНА – нарачката е одбиена, причината е испратена преку е-пошта до корисникот или се контактира директно преку телефон корисникот.

Откако нарачката ќе биде процесирана тогаш наредниот ден предметот на купопродажба ќе биде предаден за достава, освен ако нарачката е извршена во петок после 14.00 часот, во сабота, во недела или било кој неработен ден. Достава се врши преку уредно регистрирано и овластено друштво за достава на пратки Брза Пратка ДООЕЛ Скопје. Одговорноста за производот, од преземањето од деловните простории на продавачот, до предавањето на купувачот ја сноси во целост.

Нарачателот/купувачот со купување на производите преку оваа веб страна, се согласува со условите на достава објавени на www.brzapratka.com.Доколку приемот на производот од доставувачот е до 14.00 часот, Брза Пратка Скопје гарантира дека ќе ја изврши доставата во рок од 24часа, во спротивно производот ќе биде подигнат од доставувачот наредниот ден, по што се пресметува рокот од 24 часа. Гарантирањето за рокот на испорака од 24 часа е јавно објавено од Брза Пратка Скопје и за точноста одговара истиот. TACT (Шпрехја ДООЕЛ Скопје) не врши достава и не гарантира за рокот на испорака, а за евентуална измена на ваквата објава купувачот/нарачателот е должен да се информира кај доставувачот.

Доколку нарачателот сака да го осигура купениот производ од евентуални оштетувања, губења и слично, при вршење на доставата должен е да стапи во контакт со овластено лице од Brza Pratka ДООЕЛ Скопје и изрично да побара од нив осигурување за транспорот на производот, согласно од нив објавените услови на нивната веб страна.

Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција). Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Видливите недостатоци/оштетувања на производот Купувачот треба веднаш да ги пријави при прием на робата на доставувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

4. Ограничување на одговорноста

Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. Ниту TACT, неговите институции, ниту нивните службеници, трговци, провајдерите на содржина или даватели на лиценца или некој од нивните службеници, вработени, агенти или директори, не гарантираат дека користењето на сајтот ќе бидат безгрешни или без никаков прекин; ниту пак гарантираат за (I) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (II) точноста, веродостојноста или содржината на било која информација, услуга или производ обезбедени преку овој сајт или на неговите микространи.Oвој сајт и неговите микространи се ставени на располагање на база “како што се” и “кога се достапни”. TACT се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.

Во никој случај TACT нема да биде одговорен за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со оваа веб страна. Одговорноста на TACT во врска со производ купени од “www.tact.mk” неможе да ги надмине сумите платени за тие производи, и вкупната одговорност која произлегува или е поврзана со оваа спогодба неможе да ја надмине сумата платена од крајниот корисник за време на шест месеци пред донесување на какво било побарување.

Под никакви околности TACT нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку TACT. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, коментар, мислење, совет, или друга содржина достапна преку TACT.

TACT содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. TACT изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако TACT експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови до други страни на TACT. TACT го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

TACT има право, но не и обврска да ја следи содржината на сајтот во било кое време. TACT има право, но не и обврска да го отстрани било кој материјал за кој TACT смета дека ги нарушува одредбите изнесени тука.

5. Политика на приватност и заштита на лични податоци

Политиката на приватност на tact.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за tact.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со оваа политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

tact.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и tact.mk нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.

tact.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

6. Надоместок на штети

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Шпрехја ДООЕЛ, нивните одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

7. Трговска марка

TACT е заштитена трговска марка на Шпрехја ДООЕЛ. Сите права во однос на оваа марка се задржани.

8. Опрема

TACT не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

9. Разно

Секој корисник на оваа страна и онлајн купување, се смета дека ги прифаќа овие услови, а со што истиот има правна сила на двострано склучен договор.

Овој договор, и било кои оперативни правила за TACT поставени од TACT, го сочинуваат целосниот договор на страните. Насловите на заглавјата од овој договор се користат само за полесна ориентација, и во никој случај не влијаат на толкувањето на текстот што е во нив. Ако надлежниот суд ја смета за неважечка било која ставка од овој договор, тоа нема да влијае врз валидноста на било која друга одредба од овие Услови и останатите делови од овие Услови, ќе останат во сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како и на било кои други права наведени овде.

Седиштето на Шпрехја ДООЕЛ е во Скопје, Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб-сајт (освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под јурисдикција на судот во Скопје, и се решаваат во согласнот со прописите на Република Северна Македонија. Со користењето на оваа веб-страница крајниот корисник се согласува дека секој спор или побарувачката, што произлегува од, или е во врска со овие Услови или во врска со нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

10.11 Надлежен суд

Во случај на спор надлежен е Основниот суд Скопје 2, Скопје.

Шпрехја ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. 397 бр. 3А, Чаир, 1000 Скопје
Телефон (Инфо): +389 75 912 193
Интернет-страница: www.tact.mk
Адреса на е-пошта: tactmk@gmail.com