ЗАМЕНА НА РОБА / ВРАЌАЊЕ НА РОБА

Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број  +389 75 912193  или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата tactmk@gmail.com и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.

Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот. Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во најблиската база на ЕКО Логистик (Телефон на каргото:13990 или15990) веб-страна (www.els.mk)

Наши информации за да извршите достава:
Име на примач: ТАКТ,
Тел број: 075 912 193,
Адреса: Скопје-Ѓорче Петров, База Еко логистик

По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата TACT има обврска да го изврши на вашата трансакциска сметка или достава до вашата адреса со карго со ваша доплата за доставата.